САУНИ
Како начин на релаксација, како вид одржување и прочистување на организмот, особено на кожата, сауната им била позната и на древните цивилизации. Влијанието што го има врз организмот на човекот се чуствува по само неколку минутен престој во неа. Нудиме нарачка и можност за вградување на фински сауни, изработени од изворна финска чамовина. Внатрешноста на сауните подразбира основна опрема со лежаи, подлошки за глава, заштитни решетки за печката и решеткасто подножје. Дополнителната опрема е разнообразна: од основна печка до часовник за регулација со 24-часовна програма, термометар и песочен часовник.
Типски монтажни сауни
Нудиме пакети монтажни сауни. Тие веќе се склопени - потребно е само купубачот да обезбеди адекватен простор за сауната, подлога, водоотпорен простор и соодветна инсталација за електрична енергија. Опремата опфаќа материјал за внутрешна и надворешна обработка на сауната. Монтажната кабина за сауната е комплетна целина: Содржи конструкција, изолација и внатрешни и надворешни панели. Панели се спојуваат благодарение на специјален систем. Дополнителен прибор Кантата и црпалката се рачно иработени од дрвото на бор. Нудиме и четки, песочни часовници, термометри и хигрометри.
СУВА "DRY" САУНА * висока температура (90 - 110 Ц),потпуно сув воздух (релативна влажност 3-10%), нема полевање на вулканското камење;
МОКРА "WET" САУНА *класична сауна со температура на ваздухот од 75 - 90 Ц, и релативна влажност од 20-35% што се постигнува со повремено полевање на вулканското камење;
ПАРНА “SOFT” САУНА *ниска температура на воздухот (45-650 Ц) и висока релативна влажност од 40-65%, што се постигнува со посебно конструиран греач со резервоар за вода и контролен уред.